Доколку Грција започне конфликт со Турција ќе доживее катастрофа за три до четири часа, изјави Јигит Булут, советник на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Претходно, Турција ја критикуваше Атина поради одлуката да пресретне турски истражувачки брод со воена фрегата. Турската морнарица наводно тргнала во заштита на бродот, што доведе до нов дипломатски спор меѓу двете земји. Како што пренесуваат турските медиуми, Булут важи за контроверзна личност во турската политика. Тој беше наименуван за советник на Ердоган во 2013 година, а потоа стана негов главен економски советник. Во 2015 година тој изјави дека е „подготвен да умре“ за Ердоган.