Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека повеќе од 90 насто од децата во светот секојдневно дишат токсичен воздух, што резултира со смрт на околу 600 илјади деца во 2016 година. Во извештајот објавен денеска, СЗО смета дека околу 93 проценти од децата во светот на возраст до 15 години вдишуваат воздух кој е толку загаден што „тие го ставаат во сериозен ризик нивното здравје и развој“.
Во извештајот се наведува дека децата се повеќе ранливи од ефектите од загадувањето на воздухот и земаат повеќе загадувачки материи, бидејќи дишат побрзо од возрасните.