Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска почна расправата за ребалансот на Буџетот за 2018 година. Ребалансот пред членовите на Комисијата го образложи министерот за финансии Драган Тевдовски. Според предлогот на Владата, со ребалансот има намалување на приходната и расходната страна за 0,5 отсто. Се задржува буџетскиот дефицит на 2,7 отсто, а се ревидира проекцијата за економскиот раст на 2,8 отсто.
Најголемо кратење има кај капиталните инвестиции, кои не можат да се реализираат, а најмногу ќе се офајдат општините на кои владата реши да им плати половина од долговите.
Расправата во Комисијата, според Деловникот, трае 10 работни денови.