Уапсен Русин кој во ранецот носел злато вредно половина милион долари

Илустрација

Руската Федерална служба за безбедност соопшти дека уапсила еден човек кој носел злато во вредност од половина милион долари во својот ранец во регионот Саха-Јакутија. Човекот со потекло од Северен Кавказ бил приведен, откако при претрес на неговиот ранец биле пронајдени бројни парчиња злато и пакети со златна прашина.

Тој носел, како што се наведува, 13 килограми „индустриско злато“, во вредност од 34,5 милиони рубљи, односно околу 525 илјади долари.

Златото е конфискувано, а човекот е обвинет за нелегално поседување скапоцени метали.