ВМРО ДПМНЕ за денеска најави дека ќе му достави на Собранието на Македонија предлог-закон за амнестија за сите обвинети за упадот во Собранието од 27-ми април. Партијата, како што соопшти нејзиниот портпарол Димче Арсовски, ќе побара законот да биде донесен по скратена постапка. За СДСМ, предлогот на ВМРО-ДПМНЕ е мешање во работата на судството. Ставот на СДСМ е дека ова прашање треба да се реши преку Комисијата формирана во Собранието.