Тим готвачи од повеќе земји на Балканот го урна, како што велат, светскиот рекорд во бројот на подготвени палачинки. На 26 октомври тие направија 14,186 палачинки за време на осумчасовниот маратон на туристичкиот саем во Сараево. За подготовката биле потребни 300 литри масло, 600 килограми брашно и 400 литри млеко. Во тимот учествувале 140 готвачи од Босна, Србија, Македонија, Црна Гора и Словенија, а нивната работа ја оценувале 15 судии. За да се утврди дали се работи за Гинисов рекорд готвачите мора да ја почекаат ратификацијата во Гинисовата книга на рекорди, но тие се убедени дека го урнале досегашниот рекорд од 12,716 подготвени палачинки во Москва во февруари 2017 година. Настанот беше организиран од босанка хуманитарна организација која ги однесе подготвените палачинки во сиропиталишта, мигрантски центри и до други граѓани на кои им е потребна помош.