ВМРО-ДПМНЕ: Уставните измени што произлегуваат од Договорот од Преспа немаат никаква важност

Архивска фотографија- седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски денеска на прес конференција која ја одржа пред седиштето на СДСМ, рече дека единствено важно за владејачката партија било “да го продолжат криминалното владеење со пљачкосување на државата и продажба на националните интереси”.

“Република Македонија победи на референдумот. Република Македонија ја отфрли капитулацијата. Договорот од Преспа нема никаков легитимитет.Уставните измени кои што произлегуваат од него немаат никаква важност” рече Стоилковски.

Тој ја обвини владата за криминални зделки додавајќи “ниту им е до граѓаните, ниту до државата, ниту до интеграциите”.