Првиот обид на приватната кинеска компанија Лендспејс да лансира ракета во вселена не успеа, соопшти компанијата чие седиште е во Пекинг. Од таму наведуваат дека првата и втората фаза на одвојување на ракетата се одвивале нормално, но дека нешто тргнало погрешно во третата фаза. На снимката објавена на еден кинески портал се гледа ракетата долга 19 метри како полетува на ведро време. Кинеските медими јавуваат дека ракетата носела сателит за државната телевизија.