Осумте пратеници и официјално ќе бидат нова пратеничка група во Парламентот

Осумте пратеници од опозицијата кои гласаа за пристапување кон уставни измени го известиле претседателот на Праламентот дека ќе настапуваат самостојно како независни пратеници и дека формираат нова пратеничка група.

Претседателот на Собранието, Џафери изјави дека добил поединечни известувања дека тие пратеници во иднина во Парламентот ќе настапуваат самостојно како независни пратеници, а до собраниската архива е доставен акт дека овие пратеници формираат пратеничка група.

Во оваа пратеничка група се Елизабета Канческа-Милевска, Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Владанка Авировиќ, Сашо Василевски, Зеќир Рамчиловиќ, Емилија Александрова и Нола Старова, и неофицијално, ќе делуваат опозициски.