Експлозивни направи упатени за Обама и Клинтон, полицијата ги пресретнала

Архивска фотографија

Американската тајна служба пресретнала „потенцијални експлозивни направи“ кои биле наменети за домовите на поранешниот претседател Барак Обама и поранешниот државен секретар и поранешна прва дама Хилари Клинтон.

Во денешното соопштение Тајната служба наведува дека ги пресретнале пакетите упатени до Обама и Клинтон и тие не стигнале до примателите.

Си – Ен – Ен јави дека „сомнителен пакет“ бил упатен и до Белата куќа, но потоа пренесоа дека сепак немало такво нешто. Медиумот објави и дека била евакуирана зградата во Њујорк, каде што тие имаат свои канцеларии по извештаи дека и таму има сомнителни пакети.

Белата куќа веднаш ги осуди обидите да се нападнат претседателот Обама, поранешниот државен секретар Клинтон, како и други јавни личности.