Опозициската ВМРО–ДПМНЕ ќе поднесе Предлог закон за амнестија за сите инволвирани во случувањата на 27 април во Собранието, велат од партијата. Од таму велат дека доколку власта навистина е за помирување, тогаш ќе го прифати предлогот. Текстот на овој предлог закон ВМРО-ДПМНЕ ќе го поднесе на разгледување до сите парламентарни партии.
Од партијата велат дека нема да учествуваат во работа, на како што велат, некакви комисии и форми во Собранието, кои според ВМРО-ДПМНЕ се само за замaјување на јавноста и обид за селективна правда.