Осумте гласа кои недостигаа за да се обезбеди двотретинско мнозинство за да се пристапи кон уставни измени во Македонија беа обезбедени со уцени, закани и поткуп на пратениците од опозицијата, реагира руското Министерство за надворешни работи.
„Тројца од нив, по чиста случајност, тој ден беа ослободени од притвор, на двајца обвинети од СЈО им беше ветена слобода, а на останатите им беа дадени коруптивни финансиски предлози. Пратениците беа затворени во канцелариите, им беа одземени мобилните телефони, очигледно во духот на европската демократска практика. Вреди дека се забележи дека американскиот амбасадор беше во парламентот до крајот на седницата, што не остава сомнеж за тоа кој го водеше овој процес“, се наведува во соопштението на руското МНР, објавено денеска.
Тие сметаат дека со гласањето се прекршени сите законски и морални норми и оти решението на спорот меѓу Скопје и Атина треба да се заснова на законска основа и на широка поддршка меѓу граѓаните, а не на поделби во општеството.