Палмер во Скопје на разговори за македонско - грчкиот договор

Вршителот на должноста заменик-помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија Метју Палмер и американскиот

Главната тема на американскиот претставник Палмер со македонските соговорници е како да се продолжи со имплементацијата на договор од Преспа, кој на Македонија треба да и ги отвори вратите кон брзо членство во НАТО, велат експертите.Тие оценуваат дека Палмер доаѓа во поволни околности.

На разговори за Договорот од Преспа денеска во Македонија пристигнува американскиот заменик помошник државен секретар за европски прашања Метју Палмер. Од aмериканската амбасада информираа дека Палмер ќе допатува во Македонија на разговори околу поддршката на САД за договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција, и важноста да се продолжи со реформската агенда на Македонија. Тој се среќава со претставници на Владата и политичките партии, меѓу кои и премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Како што соопштија од МНР, Министерот за надворешни работи Никола Димитров и заменик помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Метју Палмер, на средбата разговарале за тековните аспекти на процесот на пристапување на Република Македонија во НАТО, како и за неодамнешниот прогрес во однос на постапката за уставните промени во Парламентот, со цел успешна имплементација на Договорот со Грција и зачленување на Република Македонија во Алијансата како нејзина 30-та земја-членка.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Палмер во посета на Македонија

Паралелно со дебатата во Параламенот за уставните измени во петокот, Палмер од Белград, каде што учествуваше на безбедносен форум, побара од македонските лидери да се издигнат над политичките поделби.

„Особено бараме лидерството на ВМРО-ДПМНЕ, кое јасно се противи на Договорот, да ги ослободи нивните пратеници да гласаат според совеста и без грижи дека за тоа ќе имаат негативни последици“, рече Палмер.

Универзитетскиот професор Денко Малевски, говорејќи за пораките со кои американскиот претставник пристигнува во државава, изјави дека Палмер доаѓа во поволни околности, наспроти очекувањата на јавноста до пред некој ден за гласањето за уставните измени во парламентот. Како што оценува Малевски, главната тема на американскиот претставник со македонските соговорници е како да се продолжи со имплементацијата на договор од Преспа, кој на Македонија треба да и ги отвори вратите кон брзо членство во НАТО.

„Се чини дека посетата на американскиот претставник доаѓа во добри околности со оглед на исходот од гласањето во парламентот и фактот дека Македонија продолжува сега во реализација на она што беше координиран напор како на Владата на Заев и на Ципрас така и на целата меѓународна заедница и поконкретно на САД. Околностите се поволни и она што сега ќе се разговара е како натаму, а не како да излеземе од некаква тешка ситуција што можеше да се очекува доколку процедурата за промена на уставот не поминеше во Парламентот“, изјави професорот Малевски.

Палмер е во регионална посета и не е дојден само за Македонија, вели Малевски додавајќи дека "добрата вест сега е во Македонија". Како што оценува професорот сега на Македонија и треба сериозна подршка и ангажман од САД околу заедничкиот настап во реализација на обврските од договорот од Преспа и потоа брзото членство во НАТО.

Сите имаат вложено во Договорот од Преспа, САД исто така. Тие кажуваа дека тие беа присутни во целиот тој процес на создавање на тој договор со таа своја тивка подршка. Така што сите сме заинтересирани и се на една линија со Владата и со парламентот во Македонија“ изјави Малевски

Инаку, посетата на Палмер на Македонија е втора посета на американски претставник во последните два месеца. Претходно во септември пред гласањето на референдумот за промена на името на државата и отворање на вратите за членство во НАТО и ЕУ во земјава беше и Американскиот секретар за одбрана Џејмс Норман Матис . За време на неговата посета тој оцени дека земјата е во уникатна можност и служејќи се со истите зборови, кои како што рече, кои ги употребил и генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг за време на неговата посета на Македонија, американскиот претствник Матис порача „Ние сме подготвени да ве примиме во НАТО како 30 земја членка доколку решите да го изберете тој пат”.