Заменик помошникот државен секретар за европски прашања на САД, Метју Палмер, денеска ќе престојува во Македонија. Тој, како што најавија од американската амбасадата, доаѓа за да разговара за поддршката на САД за Преспанскиот договор меѓу Македонија и Грција и важноста да се продолжи со реформската агенда на Македонија. Американскиот помошник-заменик државен секретар ќе се сретне со министерот за надворешни работи Никола Димитров, а во 18 часот, по средбата со премиерот Зоран Заев, тие заедно ќе одржат прес конференција во Владата.