Пратениците презедоа одговорност и испишаа нова шанса во историјата на Македонија, сакам да им честитам на сите за заедничкиот напредок и за тоа што најпосле земјата се извлекува од калта, изјави на денешната прес конференција министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
„Историскиот глас на пратениците, во исто време беше глас против изолација но и против несигурност. За поздравување е таа одговорност да се стават сите работи настрана и да се даде глас за иднината. Сега е моментот поделбите да ги ставиме настрана и да почнеме да збориме за суштинско помирување,” посочи Шекеринска.
Запрашана за коментар на реакцијата на Руската федерација дека за неа остануваме Република Македонија, Шеќеринска рече дека Македонија е подготвена да сврти нова страница кон иднината и дека очекува сите кои и сакаат добро на Македонија и на Балканот да ги поддржат напорите за обезбедување побезбеден, постабилен и попросперитетен Балкан.