За Русија сме и ќе бидеме Република Македонија

По одлуката на Собранието за почеток на уставните измени, реагираше и Руската Федерација преку твитер профилот на Руската амбасада во Скопје. Русија испрати порака дека ја признала Македонија под нејзиното уставно име и дека тој став не го менува.

„Русија ја призна Република Македонија под нејзиното уставно име пред повеќе од 26 години и својот став не го менува”, пишува на официјалниот твитер-профил на Руската амбасада во Скопје.