Најмалку четворица загинати при експлозија во фабрика во Русија

Најмалку четири лица загинаа при експлозија во фабрика за пиротехнички средства во градот Гатчина во руската Ленинградската Област, соопштија локалните власти. Во инцидентот се повредени седум лица, од кои две се хоспитализирани. Локалните медиуми соопштуваат дека има информации оти под урнатините на фавриката „Авангард“ се телата на уште две лица. Се претпоставува дека меѓу жртвите е државјанин на Белорусија. По несреќата приведен е главниот инженер по сомнение дека најмлувал работници „на црно“, соопшти Истражниот комитет на Руската федерација.