Најмалку 61 лице загинаа, а 72 се повредени во инцидентот во северозопадната индиска држава Пенџаб, каде вчера воз удри во група луѓе, собрални заради религиозен празник. Меѓу жртвите има жени и деца, соопштија властите, пренесува Ксенхуа. Помеѓу 300 и 700 лица се собраа на железничката линија крај градот Амратсар синоќа, кога воз удри во толпата. Според очевидци, возот се движел со голема брзина во темница, а луѓето не го чуле поради огномет. Денеска е ден на жалост во индиската држава Панџаб.