Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан преку заедничка изјава ја поздравија одлуката на Собранието за пристапување кон измена на Уставот.
,,Парламентот на поранешната југословенска Република Македонија направи многу важен чекор кон спроведувањето на Преспанскиот договор преку гласањето за започнување на процедурата за уставни измени. Сега очекуваме националните процедури за спроведување на договорот да продолжат без одложувања, кон усвојување на уставните измени” се наведува во заедничката изјава.
Двајцата европски диломати пишуваат и дека Европската унија силно го поддржува историскиот договор потпишан од премиерите Заев и Ципрас во јуни. Тие порачуваат и дека е потребнаполитичка храброст, водство и одговорност за решавање на еден од најстарите спорови во регионот.
“Оваа одлука беше потврдена со гласањето во Парламентот.Ова е навистина единствена можност за решително поместување на земјата напред на патот кон Европската унија, како и за помирување во регионот. Европската Унија ќе продолжи да ја поддржува и да ја придружува земјата, сите нејзини граѓани и нејзините институции”, наведуваат во заедичката пишана изјава Могерини и Хан.