Палмер: Преспанскиот договор е историска можност, не постои план „Б“

Американскиот дипломат Метју Палмер на безбедносниот форум во Белград.

Историскиот Преспански договор ја отвора европската иднина за Македонија, НАТО веќе ја покани Северна Македонија да се приклучи, а ЕУ веќе ја сигнализираше нејзината подготвеност следниот јуни да отвори пристапни преговори, изјави денеска американскиот дипломат Метју Палмер на безбедносниот форум во Белград.

„Важно е да биде јасно дека оваа европска иднина бара прифаќање на Преспанскиот договор од Македонија и Грција и негово целосно имплементирање. Нема алтернативен одговор, нема план „Б“, нема дополнување на Преспанскиот договор, нема подобар договор кој чека доколку македонскиот Парламент не успее да обезбеди двотретинско мнозинство неопходно за промена на Уставот“, вели Палмер.

Тој додава дека тие кои се обидуваат да ја доведат во заблуда македонската јавност да верува дека можат да обезбедат европска иднина за нивните деца, без да направат го компромисот кој го бара Преспанскиот договор, не и прават услуга на својата земја.

Палмер истакнува дека додека во овој момент македонското Собрание расправа за уставните измени, македонските лидери треба да се издигнат над политичките поделби, бидејќи, како што наведуваа „оваа историска можност нема повторно да се случи.“

„Особено бараме лидерството на ВМРО-ДПМНЕ, кое јасно се противи на Договорот, да ги ослободи нивните пратеници да гласаат според совеста и без грижи дека за тоа ќе имаат негативни последици“, вели Палмер.