Високиот американски дипломат Метју Палмер во понеделник доаѓа во Скопје

Метју Палмер и Џес Бејли

Заменик помошникот државен секретар за европски прашања на САД, Метју Палмер, во понеделник доаѓа во Македонија, соопштија од Американската амбасада во Скопје.

Според Амбасадата, Палмер доаѓа за да разговара за поддршката на САД за Преспанскиот договор меѓу Македонија и Грција и за важноста да се продолжи со реформската агенда на Македонија.

Тој ќе се состане со владини и партиски функционери, првенствено со премиерот Зоран Заев и со министерот за надворешни работи Никола Димитров.