Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека заминувањето на УНМИК од Косово, како и формирањето војска би ја довело неговата земја во ужасно тешка позиција. Тој по повод писмото на американската амбасадорка во ОН Ники Хејли со кое бара повлекување на УНМИК од Косово, истакна дека САД сакаат да отстранат се што Обединетите нации претставуваат во Косово, бидејќи за нив Косово е независна и суверена држава.
Според него, формирањето војска на Косово би претставувал голем и речиси нерешив проблем и за Србија и за регионот и апелираше на меѓународната заедница, посебно на САД, да обрнат внимание на најавите на албанските политичари дека тоа ќе се случи до крајот на годината.