Расправата за уставните измени продолжува в петок

Седница на Собрание на РМ за уставни измени

Претседателот на Собранието, Талат Џафери за в петок го закажа продолжувањето на расправата за уставните измени по денешната попладневна дискусија во која учествуваа само пратениците од СДСМ.

Пратениците од ВМРО - ДПМНЕ и од коалицијата „За подобра Македонија“ претходно соопштија дека се откажуваат од дебатата, нарекувајќи ја јалова, како и дека ќе гласаат против уставните измени. ВМРО-ДПМНЕ ги повика пратениците од владејачкото мнозинство да се откажат од расправата и да се пристапи кон гласање за измените на Уставот.