Од СДСМ денеска реагираат дека идентично како неговиот претходник, Никола Груевски и новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја срамоти Македонија во очите на демократскиот светот и се кара со најголемите стратешки пријатели на земјава. Според СДСМ, се поочигледно е дека Мицкоски има проблем со членството на Македонија во ЕУ и НАТО.
„Ако продолжи да се обидува да ја блокира иднината на Македонија, во следните неколку денови парламентарното мнозинство ќе распише предвремени парламентарни избори“, наведуваат од СДСМ.
Мицкоски во писмо до помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Вес Мичел, го отфрла неговото барање ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Договорот од Преспа.