И пратеникот Љубен Арнаудов пуштен од домашен притвор

Илустративна фотографија.Пратениците дојдоа во судот на рапсит за насатаните од 27 април. Љубен Арнаудов

Пратеникот Љубен Арнаудов кој е обвинет за случувањата во Собранието на 27 април минататa година, денеска е ослободен од домашен притвор. Тој е обвинет за терористичко загрозување на уставниот поредок, а со одлуката на Апелацискиот суд Арнаудов доби право да се брани од слобода.

Судот ја донел одлуката по жалба на Арнаудов, кој понудил гаранција дека нема да бега, во износ од околу 300 илјади евра.

Арнаудов, по денешното рочиште за случајот „27 април“, рече дека уште во јули имаат поднесено барање со кауција, и оти сеега останува да се произнесе судот.

Прашан дали би гласал за уставни измени во замена за амнестија, Арнадуов рече дека засега нема размислувано.

" Засега немаме ништо размислувано, ама секако ќе работиме исклучиво во интерес на Македонија и македонскиот народ", рече Арнаудов.

Пред Арнаудов, одлука за излегување од куќен притвор имаше и за пратеникот Сашо Василевски чија гаранција во недвижен имот беше околу 400.000 евра.

Со овие одлуки во куќен притвор останува пратеникот Крсто Мукоски кој исто така поднел жалба до Апелација.

На обвинителна клупа се уште двајца други пратеници од опозицијата, Јохан Тарчуловски и Љупчо Димовски, кои излегоа од куќен притвор и се со други мерки на претпазливост.