Иран го повика Пакистан да се справи со „терористите“ кои киднапираа граничари

Илустрација: знаме на Иран.

Иранската револуционерна гарда го повика Пакистан да се справи со осомничените милитанти кои киднапираа 14 припадници на иранските безбедносни сили на нивната заедничка граница.

„Очекуваме Пакистан да ги контролира овие терористички групи кои се поддржани од некои држави во регионот и веднаш да ги ослободат киднапираните ирански сили“, се вели во соопштение на Иранската револуционерна гарда.

Иранските медиуми денеска објавија дена 14 граничари, вклучително разузнавачи на Иранската револуционерна гарда, биле киднапирани на југоисточната граница со Пакистан.