Заврши распитот на Томе Аџиев во СЈО за случајот „Моќник“

Томе Аџиев, поранешен претседател на Комисијата за верификација на факти, односно Комисија за лустрација.

Поранешниот претседател на Комисијата за лустрација Томе Аџиевповеќе од една час беше на распит воСпецијалното јавно обвинителство, за случајот „Моќник“. По завршување на распитот на новинарите кои чека пред СЈО им рече да не снимаат, а на новинарско прашање дали некој му нарачувај лустрација, само кратко одговори – „не, не“.

Според СЈО Аџиев на барање од пратеникот Антонијо Милошоски спровел лустрација на судија од Кичево, по што му било забрането да ја врши дејноста.

Случајот „Моќник“ СЈО го најави во март годинава и се однесува за вкупно 13 лица, меѓу кои пратеникот Антонијо Милошоски, неговиот татко и тогашниот градоначалник на Општина Македонски Брод.