Владата и медиумските организации за стандардизација на интернет медиумите

Архива: претседателот на ЗНМ Насер Селмани и претседателката ССНМ Тамара Чаушидис.

Претставници на медиумските организации ЗНМ, ССНМ и СЕММ, кои ја водат иницијативата за создавање минимум критериуми во насока на заштита и промоција на професијата во интернет медиумите, денска беа на средба со претставници на Владата каде информирале за основната идеја и потреба да се почитуваат основните принципи на новинарската професија во интернет сферата, соопшти владината прес-служба.

Министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски на состанокот ја поздравил иницијативата, потенцирајќи дека организациите се на вистинскиот пат преку саморегулација да ги потврдат и утврдат недореченостите кои постојат во сферата на интернет медиумите со цел да се постигнат етичките стандарди, се вели во соопштението.