Собранието ја започна 61-та седница на која на дневен ред e Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија со насоки за негово изменување и дополнување поднесен од Владата. Во салата се пратениците од сите пратенички групи.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ побара уставните измени да бидат тргнати од дневниот ред, но мнозинството го одби предлогот.
Премиерот Зоран Заев образложувајќи го предлогот ги повика пратениците да гласаат за уставните измени, наведувајќи дека во спротивно државата ќе влезе во неизвесност. Тој исто така рече дека поделеноста во државата е навлезена во секоја пора, велејќи дека е потребно помирување во општеството. Заев апелираше пратениците да ја извршат својата должност и да одлучат по нивното сопствено убедување, истакнувајќи дека единствениот пат за Македонија е тој кон НАТО и ЕУ и дека не може да има подобар договор со Грција од Преспанскиот.