Европската унија и Британија не успеаја да постигнат договор за Брегзитот на вчерашните разговори до кои дојде на само неколку денови пред самитот на ЕУ. Разговорите на преговарачите на Унијата и на Британија Мишел Барние и Доминик Раб и 27 амбасадори на земјите членки во Брисел најпрвин беа проследени со шпекулација дека бил постигнат договор. Но, Барние на Твитер напиша дека и „покрај интензивните напори, некои прашања се уште се отворени“. Едно од клучните, како што напиша, останува потребата од „избегнување на тврда граница“ меѓу Северна Ирска и Република Ирска. Брегзитот официјално стапува во сила на 29 март 2019 година.