Алтернатива за Германија влегува во парламентот на Баварија

Германската крајно десничарска популистичка Алтернатива за Германија влегува во парламентот на Баварија по вчерашните регионални избори. Тоа претставува историски удар за конзервативните сојузници на канцеларката Ангела Меркел. Доколку резултатите бидет потврдени Алтернатива за Германија ќе биде претставена во 15 од 16 регионални парламенти во Германија. Единствена федерална држава каде што Алтернатива за Германија се уште не е застапена е Хесе, но и тоа може да се смени со оглед на тамошните регионални избори за две недели. Сојузниците на Меркел Христијанско социјалната унија, според излезните резултати, ќе имаат 37 насто од гласовите или 10 помалку пред пет години. Тоа е најлош резултаат од 1950 година.