Американскиот весник „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на доверливи финансиски документи, објави дека „Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател, Доналд Трамп и висок советник во Белата куќа, плаќал многу низок или никаков федерален данок на доход во периодот меѓу 2009 и 2016 година“.
„Овие документи се направени во соработка со Кушнер во рамки на проверката на неговите финансии од страна на финансиска институција која разгледувала дали да му позајми пари. Кушнер користел даночни олеснувања поради амортизација на недвижен имот, што им овозможува на инвеститорите да ги одземат трошоците од оданочениот приход“, објави весникот.
Според Њујорк тајмс“, ништо во документите не покажува дека Кушнер или неговата компанија го прекршиле законот.