Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов, денеска изјави дека во Македонија постојано се спроведуваат контроли и дека се јаде безбедна храна.
„Во Македонија се конзумира безбедна храна. Затоа постојат и мониторинг програми, како и посебна програма за безбедност на храната поделена во посебни сегменти и сите анализи покажуваат дека јадеме квалитетна односно безбедна храна“, изјави Атанасов на традиционална хуманитарна манифестација во пресрет на 16 Октомври, Светски ден на храната.
Според него, од 1 јануари до денес се извршени околу 33.500 контроли на сите објекти.
„Најчести поплаки од граѓаните се главно околу задоволување на хигиенските стандарди во објектите или околу изминатиот рок на употреба на производите“, додаде Атанасов.