Карајанов: Македонија нема доказ дека Русија се мешала во референдумот

Москва

„Нема ни најмал доказ дека Русија се мешала во референдумот за името“. Ова во интервју за руската новинска агенција ТАСС го изјавил македонскиот амбасадор во Москва Гоце Карајанов. Запрашан дали Скопје има некаква причина да се сомнева оти Москва интервенирала во референдумот, Карајнов ја повторил изјавата на премиерот Зоран Заев дека не постоела никаква индикација оти Русија се обидела да влијае во Македонија. „Не знам што би можел да додадам во врска со ова“, изјавил амбасадорот Карајнов. Тој, како што јавува ТАСС, ги опишал македонските интереси како „интеграција во Западните структури и зачувување на пријателските односи со клучните актери на меѓународната сцена“.