Продолжува изградбата на гасоводот низ Водно

Архивска фотографија - Градежна механизација во Парк-шумата Водно каде е планирано да се изгради гасовод.

Продолжи изградбата на гасоводот кој ќе минува низ Водно, соопшти денеска Акционерското друштво за вршење енергетски дејности „Македонски енергетски ресурси“ (МЕР).

Тие соопштија дека продолжиле со изградбата откако е постигната согласност со граѓанските активисти. Тие се согласиле граѓанските активисти да бидат дел од работните групи за мониторинг на изведбата на целиот проект.

Изградбата на магистралниот гасовод Делница 5 Скопје - Тетово - Гостивар кај потегот на Водно, продолжила на 8 октомври.