Пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов реагираше на пресс конференцијата на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски и рече дека јавноста денеска ја слушна истата стара приказна. Осврнувајќи се на Фејсбук статусот на поранешниот премиер Никола Груевски, тој пак кажа оти е напишан во афект во 3 часот по полноќ, и оти тоа потоа на пресс конференција излегло низ устата на Христијан Мицкоски
"Мицкоски сонува за две опции: Прво, Македонија да му даде амнестија на Груевски, второ Македонија да се откаже од НАТО и ЕУ. Единствено за Мицкоски, и само за него, договорот со Грција е мртов. Во момент кога цел свет дава поддршка на Македонија, Мицкоски му врти грб на целиот свет, само за да го спаси Груевски. Мицкоски е против цела Македонија и против целиот демократски свет". изјави Костадинов
Костадинов вели дека она што Мицкоски денеска го побара е спротивно од она што граѓаните го очекуваат и заслужуваат.
"Затоа, бадијала сонува, овие желби на Мицкоски нема да се остварат. Огромно мнозинство од над 80% од граѓаните се за НАТО и ЕУ и затоа стратешката определба на Македонија мора да биде почитувана" рече Костадинов.
Тој дополни дека ако раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски по секоја цена одат спротивно од тоа, тогаш единствен излез се предвремени парламентарни избори, организирани веднаш.
"Истото тоа огромно граѓанско мнозинство очекува правда над криминалите на фамилијата. Затоа, нема амнестија за криминалот. Македонија ќе биде членка на НАТО и ЕУ, без разлика дали Мицкоски се противи на тоа или не"рече пратеникот на СДСМ.