СДСМ денеска излезе со соопштените во кое го повика раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски " да престанат да шират измислици и лажни вести и јасно да кажат дали се за влез на Македонија во ЕУ и НАТО".
Од владеачката партија посочуваат дека изборот е јасен или ЕУ и НАТО или изолација и дополнуваат дека врвот на ВМРО-ДПМНЕ треба да каже за што е.
"Ако се ЗА ЕУ и НАТО сега е моментот кога треба да престанат со лажни вести и обидите да му обезбедат амнестија на Никола Груевски и да ги повикаат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ја почитуваат волјата на граѓаните во Собранието", се вели во соопштението на СДСМ.
Според СДСМ оние пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кои навистина сакаат да ја видат државата во ЕУ и НАТО, мора да преземат обврска, и мора да ги продолжат процесите во Собранието.
Но ако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, ако раководството на партијата и Мицкоски одбиваат да го сторат тоа, тогаш неминовни се предвремени парламентарни избори, организирани веднаш, се вели во партиското соопштение.