Мицкоски: Ајде на избори со пржинска Влада

Прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на пресс конференција и предложи на власта премиерот Заев јавно да се откаже од Договорот со Грција, и потоа да се оди на избори со пржинска влада 100 дена пред избори . Со тоа ова го повтори својот став за условите под кои ВМРО ДПМНЕ би оделе на избори, откако премиерот Заев најави избори со скратени рокови. Мицкоски рече дека по изборите треба да се фомира ново јавно обвинителство кое ќе го замени СЈО и ќе ги доистражи прислушаните разговори и сомнежите за криминал на оваа Влада.

Прашан дали има вистина во шпекулациите дека власта се обидува на најразлични начини да ги убеди пратениците да гласаат за уставните измени, тој одговори:

"Самиот факт што во јавноста има сомнеж дека некој тргува со правдата и правото говори дека во оваа држава ниту има правда, ниту има правдина. Не би коментирал понатаму што се се случува во оваа држава", рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ исто така рече дека имало лажни обвинувањата дека барал општа амнестија.

"Власта лажно ме обвинува дека сум барал некаква општа амнестија и сака да ме девалвира мене лично и измискуваат дека намерно сме го кочеле политизираното СЈО. Ниту сум условувал, сите пратеници имаат должност да ја следат волјата на граѓаните"рече тој

Во своето обраќање Мицкоски кажа дека решението кое е постигнато е катастофално.

" Сега само може да се констатра дека Договорот е мртов. Договори Договор без консензус ветувајќи дека ќе исполни нешто што не може да исполни, манипулирајќи ја и меѓународната заедница дека овој договор може да помине. И покрај притисоците, уцените, полнењето кутии, власта не успеа да ги изманпилура граѓаните кои покажаа одговнорност кон својата земја. Вчаста е целосно делегитимирана"изјави Мицкоски.