Романија: Низок одзив на референдумот за дефинирање на бракот

Референдум во Романија за дефинирање на бракот

Во Романија денес, e втор ден од референдумот за уставни промени, според кој семејството ќе биде дефинирано како сојуз на маж и жена и со тоа ќе се забрани истополовиот брак.

Централната изборна комисија соопшти дека на првиот ден од референдумот одѕивот на гласачите изнесувал над 5 отсто, од вупни 19 милиони гласачи. Со цел референдум да биде валиден, треба да бидат вклучени 30% од регистрираните гласачи.

Во Уставот на Романија сега се наведува дека бракот е сојуз на брачни другари, а иницијаторите на референдумот со предложениот амандман сакаат бракот да биде дефиниран во иднина како заедница на мажи и жени. Целта е во иднина да се спречи секој обид да се легализира истополовиот брак .