БЕСА на Касами бара уставни измени и за Албанците

Билал Касами БЕСА

Движењето Беса“ со кое раководи Биљал Касами, најави дека ако дојде до гласање за уствни измени тие ќе дадат предлози за унапредувањето на уставните права на Албанците во Македонија, како втора по големина етничка заедница.

„Сметаме дека е историски момент, ако се отвори прашањето за уставните промени, Движењето Беса ќе даде конкретни и концизни предлози за унапредување на уставните права на Албанците, како втора по големина етничка заедница во Македонија“ рече претседателот на партијата Абдуш Демири.

Тој нагласи дека не се условени уставните промени, но кога ќе дојде до отворање на уставните промени, нивните пратеници ќе дале конкретни предлози за конкретни промени.

Од партијата категорично ја отфрлаат можноста за коалиција со СДСМ на предвремените парламентарни избори и сметаат дека секоја коалиција со СДСМ со било која албанска партија, без да ги заокружува уставните права на Албанците како еднаков народ, би била штетна за интересите на Албанците.