Кандидатот на Трамп за Врховниот суд го помина првото гласање во Сенатот

Брет Кавано со американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот Сенат денеска во првото процедурално гласање со 51 глас за и 49 против ја одобри номинацијата на Брет Кавано за судија на Врховниот суд. Утре треба да се одржи и конечното гласање за негово поставување на функцијата.

Кавано е предложен на функцијата од страна на американскиот претседател Доналд Трамп. Изборот на Кавано беше доведен во прашање откако Кристин Бласеј Форд, го обвини за сексуално вознемирување и сведочеше пред Комитетот за правда во Сентот. Кавано ги негираше обвинувањата.