Градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев поднел оставка од функцијата. Оставката, како што се наведува, до дописот до претседателот на советот и советот на Општината, ја поднел поради морални причини.
Стојчев беше осуден од струмичкиот суд на 18 месеци затвор за кривично дело обид за пренесување непријавена стока. Стојчев со уште неколку лица на 10 јули беа фатени на локалитетот Попова Чука како пренесуваат цигари.
Апелациониот суд во Штип пред неколку дена му ја намали казната затвор од 18 на 6 месеци. Вчера основното јавно обвинителство од Струмица побара Стојчев, да се упати на издржување на казна затвор од две години за кривично дело за кое бил осуден во 2015 година.