Јункер: Западен Балкан се уште е „податлива почва“ за воени судири

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер.

Постои ризик од војна на Западен Балкан доколку ЕУ направи да изчезнат надежите на земјите од регионот за членство во Унијата, изјави денеска претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер.

„Ако на Западниот Балкан му ја одземеме перспективата за членство (во ЕУ), во тој регион повторно ќе го видиме она што го гледавме во 90-те години на минатиот век“, изјави Јункер во обраќање пред членовите на австрискиот Парламент во Виена.

Тој нагласи дека патот за евроинтеграција на западнобалканските земји е „се уште долг“ и недоволниот напредок не овозможува нивно зачленување во ЕУ пред 2025 година.

„ЕУ треба интензивно да се ангажира на Западниот Балкан и да не дозволи да се родат идеи дека таа не е сериозна во врска со преспективите за членство, додека некои земји не ги кријат своите резерви“, порача Јункер, додавајќи дека во реонот на Западен Балкан се уште постои „податлива почва“ за воени судири.

Тој порача и дека земјите од регионот ќе мора да ги решат своите гранични спорови пред зачленувањето во ЕУ, со цел во Унијата да „не ја внесат нестабилноста што доаѓа од Западен Балкан“.