Апелациониот суд ја потврди затворската казна од две години за поранешниот премиер Никола Груевски за предметот Тенк. Судот со ова ја потврди пресудата на Основниот суд Скопје 1 по обвинението за незаконско влијание врз министрите за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и нејзиниот заменик Ѓоко Поповски во тендерската постапка за набавка на возилото „мерцедес С – 600“.
„Жалбите на обвинетиот Н.Г. од С. изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост“ се вели во соопштението на Апелациониот суд.
Во однос на жалбата на заменикот министер Поповски, Апелациониот суд одлучи делумно да му ја уважи жалбата, односно му ја намали казната затвор од шест ипол на четири ипол години затвор.