Централното претседателство на ДУИ на вечерашниот состанок заклучило дека во моментов не е време за предвремени парламентарни избори, туку за изнаоѓање решение со кое ќе се имплементира Преспанскиот договор во Парламентот.
Претседателството на седницата во Мала Речица оценил дека со евентуални избори ќе се наруши динамиката на имплементацијата на Договорот од Преспа, што, пак, може да доведе до сериозна блокада на интегративните процеси на Македонија во НАТО и ЕУ, стои во соопштението на ДУИ.
ДУИ апелира до останатите политички партии да работат на создавање услови за имплементација на Договорот со Грција.
Претседателството на ДУИ укажува дека на референдумот излегоа преку 650 илјади граѓани од кои над 90 отсто или 610.000 се изјаснија позитивно, со што јасно се отсликува волјата за влез на земјата во ЕУ и НАТО и за прифаќање на Преспанскиот договор.