Ние немаме никаков проблем против пржинска влада во уставно одредените рокови, но ВМРО-ДПМНЕ сака да направи сè за оваа година да не се организираат парламентарни избори, зашто знае дека ќе помине катастрофално, истакна вицепремиерката Радмила Шекеринска во вечерашното гостување на Топ тема.
„Ние немаме проблем со техничка влада што ќе спроведе избори зашто ние на избори не крадеме, не го претвораме МВР во партиски клуб. Ќе го почитуваме Законот за пржинската влада. Тоа го кажавме во неделата, вчера и денес. Но, мора да го почитуваме и Уставот кој вели - кога има предвремени парламентарни избори кои се организираат како резултат на распуштање на Собранието, од распуштање на Собранието до предвремените избори не смеат да поминат повеќе од 60 дена“, рече вицепремиерката Радмила Шекеринска.
Шекеринска нема дилеми во пораката од референдумот, дека мнозинството граѓани, како што рече, сака во ЕУ и НАТО, а пратениците тоа треба да го прифатат.