Следната недела Парада на гордоста во Приштина

Парада на гордоста во Косово, 2017.

Активисти и поддржувачи на ЛГБТИ заедницата во Косово на 10 октомври по вторпат ќе организираат Парада на гордоста во Приштина, која се одржува во рамките на „Неделата на гордоста“, што започнува утре.

Парадата ќе се одржи во центарот на Приштина. Минатогодишната парада во Косово беше поддржана од државни раководители и јавни личности. Претходните три години во Приштина беа организирани маршеви на припадниците и поддржувачите на ЛГБТИ популацијата. Сите овие манифестации поминаа без посериозни инциденти и само со помали јавни демонстрации на противниците на ваквите собири.

Парадата на гордоста, годинава се одржува по мотото „Во име на слободата“.