БиХ избори - 3,3 милиони гласачи од 3,5 милиони жители

Сараево - 1.10.2018

Во Босна и Херцеговина в недела ќе бидат одржани избори на кои граѓаните на државата ќе бираат претставници на трите нивоа на власт.

На изборите ќе учествуваат вкупно 128 политички субјекти, и тоа значи дека условите за кандидирање ги исполнија 53 политички партии, 36 коалиции и 46 независни кандидати.

Тие ќе се натпреваруваат за членови на Претседателството на БиХ, за пратеници во Парламентот на БиХ, пратеници во Претставничкиот дом на Парламентатот федерацијата на БиХ, претставници во Народното Собрание на РС, за претседател и двајца потпретседатели на тој ентитет и за пратеници во собранија на десет жупании во Федрацијата БиХ.

Право на глас на изборите имаат нешто повеќе од 3,3 милиони гласачи. Тој податок предизвикува полемика бидејќи на пописот од 2013 година во БиХ е утврдено дека има околу 3,5 милиони жители.