Вечерва состанок на раководството на СДСМ и ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Во владејачката СДСМ вечерва ќе се одржи состанок на раководството на партијата. На два дена по референдумот состанок вечерва има и Извршниот комитет на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Од СДСМ потенцираат дека станува збор за редовен состанок на партиското раководство. Во ВМРО-ДПМНЕ исто така посочуваат дека се работи за редовни состаноци на кои раководството на партијата ќе разговара за актуелните состојби во земјата.

Состаноците на двете најголеми македонски партии се актуелни поради барањето на премиерот Зоран Заев од неделата по гласањето на референдумот пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ да поддржат уставни измени или да се оди на предвремени избори.