Одложено рочиштето за „Тотал“

Архива: Судењето за предметот „Тотал“, уредникот на телевизијата Сител Драган Павловиќ Латас.

Поради болест на судијката Совче Гаврилова Ефремова одложено е денешното рочиште за предметот „Тотал“ на СЈО, во кој е обвинет новинарот Драган Павловиќ-Латас за затајување данок, односно дека давал лажни податоци во завршните сметки и даночните пријави при што преку правни лица " затаил данок во износ од 121.414 евра, а лично како физичко лице затаил 63.032 евра.

Последното рочиште за овој предмет беше одложено поради промена на сопственичката структура на правното лице „Медијамакс“, што заедно со новинарот Драган Павловиќ Латас и правните лица „Тотал маркетинг“ и „Тотал медиа центар“ се теретат за затајување на данок.